23/07/2026
„Компанијата работи добро, но на сметката нема толку средства колку што очекувавме."
Ова не мора да значи дека компанијата нема профит.
Продажбата може да биде остварена и фактурите да бидат издадени, но дел од нив сè уште да не се наплатени. Во меѓувреме, платите, добавувачите, даноците и другите обврски продолжуваат да пристигнуваат.
Затоа, профитот, состојбата на банкарската сметка и ликвидноста не треба да се поистоветуваат.
Профитот го покажува финансискиот резултат.
Сметката покажува колку пари имате во моментот.
Ликвидноста покажува дали можете навреме да ги подмирите обврските.
За реална слика на работењето, важно е да следите не само колку сте фактурирале, туку и колку сте наплатиле, кои обврски пристигнуваат и колку средства навистина Ви се достапни.
Зачувајте ја објавата или испратете ја на деловен партнер со кого ги носите финансиските одлуки.
22/07/2026
Регистрацијата на фирма е значаен момент за Вас, но таа е само формалниот почеток.
Вистинското работење започнува со првата фактура, првиот трошок, првата наплата, првата деловна одлука и првата обврска што треба навреме да се исполни.
Токму затоа, во првите недели е важно да се постави јасен начин на работа:
• Каде се доставуваат документите
• Кој комуницира со сметководството
• Како се следат обврските
• Кога треба да се побара совет
Кога овие процеси се организирани од почеток, компанијата има подобра основа за стабилно работење и раст.
Александар.АК обезбедува поддршка не само при регистрацијата на компанијата, туку и при поставувањето на сметководствените и административните процеси што следуваат потоа.
Зачувајте ја оваа објава или испратете ја на некој што планира да отвори фирма.
16/07/2026
Даночните рокови не треба да Ве изненадат.
За месечните и тримесечните ДДВ-обврзници, законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 е 25-ти јули.
Навремената подготовка на документацијата значи помалку стрес, помал ризик од пропусти и поголема сигурност во работењето.
За полесно да ги следите сите важни даночни и административни обврски во текот на годината, Александар.АК подготви бесплатен сметководствен календар за 2026.
👉 Преземете го календарот и не пропуштајте важен рок:
https://aleksandarak.mk/smetkovodstven-kalendar/
10/07/2026
Отворањето фирма не мора да биде сложено кога ги знаете вистинските чекори. Погледнете сѐ што е потребно, од избор на правна форма и регистрација до даночен статус и сметководство.
Кои се сите потребни чекори за да отворам фирма? - Александар.АК
Сигурно некогаш сте си го поставиле себе си ова прашање – Дали треба да започнам сопствен бизнис? Но, секогаш сте замислувале дека целиот процес на отворање на нова...
08/07/2026
AI веќе станува дел од сметководството, особено кај повторливите задачи, обработката на документи и анализата на голем број податоци.
Но, брзината не е исто што и проценка.
Податокот сам по себе не е одлука. Регулативата не е само текст за пребарување. А одговорноста за точноста, ризикот и конечниот совет сè уште останува човечка.
Затоа иднината на сметководството не е избор помеѓу технологија и експертиза.
Туку нивна правилна комбинација.
01/07/2026
Навремената и точна пресметка на плати е важна и за Вашиот бизнис и за довербата на Вашите вработени.
Со Александар.АК добивате сигурен процес за пресметка на плати, придонеси, персонален данок, боледувања, регрес, отпремнини и други обврски поврзани со вработените.
Нашиот тим се грижи пресметките да бидат усогласени, прецизни и подготвени навреме секој месец.
Затоа што кога платите се во ред, и работата тече полесно.
👉 Прочитајте повеќе:
https://aleksandarak.mk/presmetka-plati/
27/06/2026
Како се мери успешноста на брендот на Александар.АК? Преку бројот на компании што ги имаме отворено, бројот на завршни сметки... или колку пати на ден The Economist помислува на нас? 😉
How many times a day do you think about Alexander the Great?
24/06/2026
ДДВ регистрацијата, освен законска обврска, во одредени случаи може да биде и деловна предност. Погледнете детално сѐ што е поврзано околу овој ДДВ регистрацијата во Македонија.
ДДВ регистрација во Македонија: Кога е задолжителна? - Александар.АК
ДДВ регистрацијата во Македонија не е секогаш само законска обврска. За одредени компании, особено оние што работат со странски B2B клиенти, таа може да биде и практи...
23/06/2026
Разбирањето на даноците е важен чекор за секој бизнис. Погледнете кои се основните видови даноци во Македонија и зошто навремената даночна поддршка е важна.
Даноци во Македонија: што треба да знаат компаниите и претприемачите? - Александар.АК
Даноците се еден од најважните делови на секој фискален систем — јавен приход со кој државата ги финансира општите потреби на граѓаните. Во Македонија, над 80% од бу....
18/06/2026
Доброто даночно планирање не значи само помалку стрес. Значи подобри одлуки, помал ризик и поголема контрола врз бизнисот.
Кога се планираат правилно, тие стануваат дел од поширока финансиска стратегија - со помал ризик, подобра организација и повеќе простор за раст.
Со Александар.АК добивате стручно даночно советување за ДДВ, данок на добивка, даночна оптимизација и целосна усогласеност со законските обврски.
За Вашиот бизнис да не реагира на проблеми, туку да носи подобри одлуки навреме.
👉 Дознајте повеќе:
https://aleksandarak.mk/sovetuvanje-za-danoci/