12/04/2026
Честит Велигден!
Нашиот успех е нераскинливо поврзан со успехот на нашите партнери!
Друштвото за сметководтсво КУЛТ КОНСАЛТИНГ ДОО ја претставува генерацијата на македонски сметководители кои што воведуваат свежа перспектива и иновативен дух во пристапот кон финансиско-сметководствените практики.
Ние сме посветени на воспоставување и градење на односите со клиентите врз основа на доверба, лојалност, знаење и динамична способност.
Посветеноста кон работата е конзистентна со нашио
12/04/2026
Честит Велигден!
Среќен 8ми Март – Меѓународен ден на жената! 🌷
Овој ден е симбол на борбата за право на глас, еднакви можности и еднакво вреднување на трудот и способностите. Горди сме што во нашиот тим имаме силни, талентирани и посветени жени кои секојдневно придонесуваат за нашиот раст и успех.
Како компанија, остануваме посветени на создавање професионална средина заснована на еднаквост, почит и систем на вредности.
Јавен повик за невработени лица до 29 години - објавен на ден 09.06.2025 година!
ЈАВЕН ПОВИК до невработените млади лица до 29 години
Се охрабруваат невработени лица со минимум завршено основно образование, со претприемачки дух, со визија да основаат свој бизнис да аплицираат во Програмата 1.2 Поддршка за Самовработување (Претприемништво)-невработени млади лица до 29 години
Се повикуваат:
Корисници на гарантирана минимална помош до 29 години
Невработени млади лица до 29 години
Жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство до 29 години
Невработени млади лица до 29 години кои сакаат да го формализираат својот бизнис
Невработени лица Роми до 29 години
Невработени лица повратници до 29 години
кои своето вработување сакаат да го решат со финансиска поддршка преку Програмата Поддршка за Самовработување (Претприемништво), да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРСМ со цел аплицирање за учество во програмата
Програмата Поддршка за Самовработување (претприемништво) обезбедува: oбука за „Претприемништво и развивање на бизнис вештини
ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите ;
неповратни средства (грант) во износ до 615.000,00 денари, со вклучен ДДВ;
грантот ќе се добие на наменска сметка (согласно Оперативните Упатства) со приложување на профактури за набавка на опрема и/или материјали и /или готови производи за понатамошна продажба согласно спецификацијата на бизнис планот;
финансиска поддршка за дополнително вработување за бизниси основани од лица со Попреченост
Советодавна/менторска поддршка во период од 6 месеци од основањето на бизнисот ќе се обезбеди за следните целни групи:
o млади лица до 29 години;
o лица со попреченост;
o припадници на ромската заедница;
o жени од рурални средини кои што ќе отворат бизнис од земјоделска дејност;
o жени од ранливи категории (приматели на парични права по основ на социјална заштита, жртви на семејно насилство, жртви на трговија со луѓе, самохрани мајки и социјално исклучени жени по основ на технолошки вишок и стечај).
Заинтересираните лица за учество во Програмата можат да аплицираат до 20.06.2025 година
Лицата кои добиле грант за Самовработување во изминатите години, немаат право да аплицираат за учество во Програмата.
Лицата кои имале статус на основач и управител 12 месеци пред аплицирање за оваа програма немаат право на учество за истата дејност.
Преку програмата нема да се поддржи основање на бизниси во следните дејности:
Земјоделска дејност, односно дејност од Сектор А/А, Оддел 01 – Растително и животинско производство, лов и услужни дејности поврзани со нив, со исклучок на органско земјоделско производство;
Бизниси во дејност од класа 49.32 - Такси служба;
Производство и дистрибуција на оружје, односно дејност од класа 25.40 – Производство на оружје и муниција;
Финансиски и осигурителни бизниси и активности кои вклучуваат игри на среќа, односно дејност од Сектор K/И – Финансиски дејности и дејности на осигурување.
Приватни агенции за вработување
По исклучок од Точка 1 и 2, невработените лица со попреченост ќе можат да регистрираат правен субјект во земјоделска дејност и такси служба, додека невработени жени од рурални средини ќе имаат можност да регистрираат правен субјект во земјоделска дејност.
Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка за вработување, како и врз основа на основни принципи кои треба да се почитуваат при имплементацијата на програмите и мерките за вработување, како и услугите на пазарот на трудот, односно
Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани,во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот ;
Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Северна Македонија, притоа земајќи ги во предвид и бројот на евидентирани невработени лица во центри за вработување кои припаѓаат во регионот
v Правата и обврските помеѓу АВРСМ и учесниците во програмата ќе бидат уредени со склучување на меѓусебен договор.
Пријавата за учество треба да се поднесе во работниот клуб во центрите за вработување, секој работен ден од 08:00 – 14:00 часот. Сите заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб страните www.av.gov.mk .
АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Јавен повик за невработени лица над 29 години - објавен на ден 09.06.2025 година!
ЈАВЕН ПОВИК
до
невработените лица над 29 години
Се охрабруваат невработени лица со минимум завршено основно образование, со претприемачки дух, со визија да основаат свој бизнис да аплицираат во Програмата 1.1 Поддршка за Самовработување (Претприемништво)-невработени лица над 29 години
Се повикуваат:
Невработени лица со попреченост
Корисници на гарантирана минимална помош над 29 години
Невработени лица над 29 години -мажи до 60 години и жени до 58 години
Жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство над 29 години
Невработени лица над 29 години кои сакаат да го формализираат својот бизнис-мажи до 60 години и жени до 58 години
Невработени лица Роми над 29 години -мажи до 60 години и жени до 58 години
Невработени лица повратници над 29 години - мажи до 60 години и жени до 58 години
кои своето вработување сакаат да го решат со финансиска поддршка преку Програмата Поддршка за Самовработување (Претприемништво), да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРСМ со цел аплицирање за учество во програмата
Програмата Поддршка за Самовработување (претприемништво) обезбедува :
oбука за „Претприемништво и развивање на бизнис вештини
ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите ;
неповратни средства (грант) во износ до 430.500,00 денари, со вклучен ДДВ;
грантот ќе се добие на наменска сметка (согласно Оперативните Упатства) со приложување на профактури за набавка на опрема и/или материјали и /или готови производи за понатамошна продажба согласно спецификацијата на бизнис планот;
финансиска поддршка за дополнително вработување за бизниси основани од лица со Попреченост
советодавна/менторска поддршка во период од 6 месеци од основањето на бизнисот ќе се обезбеди за следните целни групи: лица со попреченост, жени од рурални средини кои што ќе отворат бизнис од земјоделска дејност, припадници на ромската заедница, жени од ранливи категории (приматели на парични права по основ на социјална заштита, жртви на семејно насилство, жртви на трговија со луѓе, самохрани мајки и социјално исклучени жени по основ на технолошки вишок и стечај)
v Заинтересираните лица за учество во Програмата можат да аплицираат до 20.06.2025 година
v Лицата кои добиле грант за Самовработување во изминатите години, немаат право да аплицираат за учество во Програмата.
v Лицата кои имале статус на основач и управител 12 месеци пред аплицирање за оваа програма немаат право на учество за истата дејност.
v Преку програмата нема да се поддржи основање на бизниси во следните дејности:
1. Земјоделска дејност, односно дејност од Сектор А/А, Оддел 01 – Растително и животинско производство, лов и услужни дејности поврзани со нив, со исклучок на органско земјоделско производство;
2. Бизниси во дејност од класа 49.32 - Такси служба;
3.Производство и дистрибуција на оружје, односно дејност од класа 25.40 – Производство на оружје и муниција;
4. Финансиски и осигурителни бизниси и активности кои вклучуваат игри на среќа, односно дејност од Сектор K/И – Финансиски дејности и дејности на осигурување.
5. Приватни агенции за вработување.
По исклучок од Точка 1 и 2, невработените лица со попреченост ќе можат да регистрираат правен субјект во земјоделска дејност и такси служба, додека невработени жени од рурални средини ќе имаат можност да регистрираат правен субјект во земјоделска дејност.
v Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка за вработување, како и врз основа на основни принципи кои треба да се почитуваат при имплементацијата на програмите и мерките за вработување, како и услугите на пазарот на трудот, односно
Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани,во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот ;
Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Северна Македонија, притоа земајќи ги во предвид и бројот на евидентирани невработени лица во центри за вработување кои припаѓаат во регионот
v Правата и обврските помеѓу АВРСМ и учесниците во програмата ќе бидат уредени со склучување на меѓусебен договор.
Пријавата за учество треба да се поднесе во работниот клуб во центрите за вработување, секој работен ден од 08:00 – 14:00 часот. Сите заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб странaта www.av.gov.mk .
АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
03/04/2025
Втора регионална конференција на сметководители и овластени сметководители во РС Македонија.
Професија Сметководител. Каде сме денеска професионално во Македонија, во однос на европските и светски рамки?
Трошок или додадена вредност?
Слика или етика?
Дали ги надминавме бројките?
Што ја дефинира новата ера на сметководството?
Шах или маратон?
Дигитализација или маргинализација? Дали Сметководителот е само мост меѓу институциите и фирмите, или стратешки партнер за успешен бизнис?
Дали сме сеуште црно-бел свет или утрото ни носи надеж со розеви нијанси ?
Безброј прашања, но со иста насока. Чекориме по вистинскиот пат. Продолжуваме да растеме заедно!
Од 27 февруари 2025 - Резервната фискална опрема е обврска за деловни објекти со просечен промет над 2.000.000 во претходната година
Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања („Службен весник“, бр. 37/2025, од 19.2.2025), зголемен е прагот за обврската за поседување на резервен фискален систем на опрема од 1.000.000 денари промет во деловниот објект во претходната година, на 2.000.000 денари.
Одредбата влегува во сила од 27 февруари 2025 година.
Цитат на членот 13 од Законот за регистрирање на готовински плаќања со внесената измена од 37/2025):
(1) Даночниот обврзник чиј просечен промет во деловниот објект надминува 2.000.000 денари во претходната година, со исклучок на даночните обврзници кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензиски пумпи) и автотакси превозници, е должен да регистрира резервен фискален систем на опрема кој се користи во случај на оштетување и ремонт на главниот фискален систем на опрема.
(2) Даночниот обврзник кој во деловниот објект има воведено во употреба два или повеќе фискални системи на опрема, не е должен да регистрира резервен фискален систем на опрема за тој деловен објект.
(3) Даночниот обврзник е должен резервниот фискален систем на опрема да го користи до моментот на отстранувањето на оштетувањето или дефектот и ставањето во употреба на главниот фискален систем на опрема.
Од 1 јануари 2025 година, субјектите од јавниот сектор имаат рок од 30 дена за плаќање по фактури издадени од економските оператори
Со Законот за изменување на Законот за финансиска дисциплина, објавен во „Службен весник“, бр. 129/23, во сила од 29.06.2023 година, се предвиде ЕТАПНО НАМАЛУВАЊЕ НА РОКОВИТЕ за плаќање на обврските од страна на субјектите од јавниот сектор кон економските оператори.
Почнувајќи од 2025 година, субјектите од јавниот сектор имаат рок за плаќање од 30 дена, а јавните здравствени институции рок од 60 дена, кон економските опертори од приватниот сектор
Нека Новата 2025 година ни биде исполнета со нови успеси, радости и достигнувања.
Среќни празници!🥂
Ваш Култ Консалтинг ✨
| Monday | 08:00 - 16:00 |
| Tuesday | 08:00 - 16:00 |
| Wednesday | 08:00 - 16:00 |
| Thursday | 08:00 - 16:00 |
| Friday | 08:00 - 16:00 |